Македонскиот кикбоксер Бобан Илиоски ги освои златниот медал во категоријата лоу кик до 86 килограми на Европското првенство кое се одржува во Анталија.
Илиоски ја освои титулата европски првак откако во денешното финале го совлада Христо Калајџиев со 3-0.
На патот до златниот медал Илиоски забележа идентични победи над Мартин Лоренц од Чешка и Хрватот Борна Манојловиќ.
Ова е втор медал за македонските претставници на Европското првенство во кикбокс во Анталија, откако претходно бронзено одличје освои Викторија Варадинова.