Во рамките на својата работна посета на федералната австралиска држава Западна Австралија македонската амбасадорка Билјана Стефановска-Сековска и почесниот македонски конзул Зоран Ќосески заедно со претстедателот на Македонско-западноавстрслиската стопанска комора Крис Вржовски покрај бројните билатерални средби беа примени од премиерот на Владата на Западна Австралија Марк Макгауан.
На средбата заеднички е констатирано дека досегашниот пример на политички и бизнис контакти на австралиските фирми со македонското стопанство е добар почеток за натамошен развој и влегување на поголем австралиски капитал во Македонија.
Амбасадорката Стефановска-Сековска и премиерот Макгауан разговараа и за културниот развој на македонската заедница во Австралија и во тие рамки и зачувувањето на јазичниот и културниот идентитет во мултикултурна Австралија, како и за интензивирање на севкупните политичи и економски односи помеѓу Македонија и Австралија.