Денеска во „Јавна соба“ ќе се отвори изложба на фотоприказни за младинската соработка помеѓу Македонија и Грција. Оваа изложба има цел да прикаже како младите и граѓанскиот сектор од овие две држави преку соработка ги надминуваат општествените и физичките граници во текот на 25 години, фокусирани на спорот што доминира на овој регион и има цел да ги прикаже сите оние сличности и заеднички цели што честопати се поставени во заден план и заборавени.

Посетителите на оваа изложба ќе имаат можност да проследат голем број фотоприказни што раскажуваат за пријателство, соживот, разбирање, соработка, љубов, хуманост и сите други вредности што не познаваат национални и етнички граници. „Над спорот“ е независен проект, неповрзан со политички партии и движења.
И.Б.Р.