Млад Македонец загина во сообраќајна несреќа во Слиема, на Малта, а неговото семејство вчера повика на донации со цел побрзо собирање на средствата за транспорт на телото од Малта во Македонија. По апелите, Почесниот конзулат на Малта во Mакедонија информираше дека стапил во контакт со роднините на загинатиот и им било ветено оти конузлатот ќе обезбеди сѐ што е потребно за враќање на телото.
Конзулатот соопшти дека почесниот конзул, Кочо Анѓушев, во телефонски разговор со семејството изразил длабоко сочуство и најавил дека покрај асистенцијата на Конзулатот, тој лично ќе даде и финансиска помош за семејството.