За време на протестите во Солун и Атина што вчера се одржаа во рамките на генералниот штрајк во Грција, според грчката полиција, уапсени се вкупно десет лица, јави дописничката на МИА од Атина.
На двата протести, покрај масовно учество на граѓаните, се случија и инциденти меѓу маскирани лица и полицијата.
Како што соопштија од грчката полиција, во Атина биле приведени 11 лица, од кои двајца се уапсени, а повреден е еден полицаец, додека пак во Солун од 12 приведени, осум се уапсени.