Одборот на Европската агенција за лекови (ЕМА) денеска препорача обилно менструално крварење да се додаде на листата несакани ефекти од вакцината мРНК против ковид-19 произведена од Модерна, како и од партнерите Фајзер и БиоНТек.
Извештаи за обилни менструации – крварење кое се карактеризира со зголемен волумен и/или времетраење што го попречува квалитетот на животот – се забележани во клиничките испитувања, од случаите во реалниот свет и во медицинската литература, соопшти ЕМА.
Случаите – кои беа главно не се сериозни и се привремени по природа – беа пријавени по првата, втората и засилената доза на вакцините, се додава во соопштенито.
Регулаторот сега заклучи дека постои барем „разумна можност“ обилно менструално крварење да е причински поврзано со овие вакцини.
Менструалните нарушувања може да се појават поради повеќе причини, вклучувајќи хронични болести, стрес и замор. Здравствените власти нагласија дека се евидентирани вакви случаи и по заболување од ковид-19.