Техно

Компанијата „Мајкрософт“ ќе се обиде да влезе и на пазарот за мобилни игри, што е дел од развојната стратегија што ќе ја поткопа позицијата на „Епл“ и „Гугл“, бидејќи корисниците ги преземаат повеќето игри за телефони и таблети од нивните продавници за апликации.
Американската компанија ќе се обиде да влезе на тој пазар преку сопствена апликација за мобилни уреди, односно продавница за преземање и купување мобилни игри.
Веќе се шпекулира дека тоа ќе биде тешка работа, бидејќи компанијата „Епик гејмс“ се обиде да го стори истото тоа и на крајот го тужеше „Епл“, бидејќи „Епл“ и „Гугл“ имаат строги правила за тоа што е дозволено, а што не на нивните платформи.
Доколку успеат во нивниот план, тогаш некои од најпопуларните игри ќе станат достапни само преку мобилната платформа за игри на „Мајкрософт“.
Проширувањето на „Мајкрософт“ на пазарот за мобилни игри не се однесува само на паметните телефони и таблетите туку и на рачните конзоли.