Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека Русија започнала напади врз инфраструктурата во многу големи размери и вети дека неговата армија ќе ги подобри, како што наведе, веќе добрите резултати во соборувањето ракети со помош на нејзините партнери.
– Географијата на овој последен масовен удар е многу широка – рече Зеленски во синоќешното видео обраќање, наведувајќи региони во западна, централна и јужна Украина.
– Се разбира, немаме техничка можност да собориме 100 проценти од руските ракети и да ги нападнеме дроновите. Сигурен сум дека постепено ќе го постигнеме тоа со помош на нашите партнери. Веќе соборуваме најголем дел од крстосувачките ракети и повеќето од дроновите – истакна Зеленски.