Единаесетти по ред сомнителен пакет е пронајден на Флорида, а бил адресиран на демократскиот сенатор Кори Букер.
Њујоршката полиција истражува и одделни случаи на сомнителни пакети во една пошта во тој град.
ФБИ и денеска продолжи да ги истражува случаите на сомнителни пакети со рачно изработени бомби.
Повеќе пакети со импровизирани бомби беа пресретнати во изминатите неколку дена во САД.
Пакетите, меѓу другите, беа наменети за поранешниот претседател Барак Обама, поранешната кандидатка за претседател Хилари Клинтон, како и за Си-Ен-Ен.
Ниту една бомба не експлодира и никој не е повреден.