Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 629 тестови, а регистрирани се 70 нови случаи со ковид-19 и 60 оздравени пациенти. Во текот на изминатите 24 часа, нема регистрирани починати лица. Согласно, регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој Термин“, нема регистрирани починати лица, соопшти Министерството за здравство.
Од 70 новозаболени од Скопје се 51, Прилеп– 9, Битола и Куманово– по 3, Охрид– 2, Тетово и Кавадарци– по 1. Од вкупниот број на позитивни (70), регистрирани се 18 реинфекции.
Од 60 оздравени пациенти од Скопје се 51, Велес и Штип – по 2, Битола, Охрид, Кавадарци, Струмица и Неготино – по 1.
Досега во земјата се направени вкупно 2.176.205 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343.585, бројот на оздравени пациенти е 333.707, на починати е 9.551 а бројот на активни случаи изнесува 327.