Илустрација / Фото: Игор Бансколиев

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека Србија засега нема да воведува санкции кон Руската Федерација, додека штетата што и се нанесува на Србија не биде преголема.

– Ова не го правиме само поради поевтина цена на гасот или поддршката во Советот за безбедност во ОН, туку поради меѓународното јавно право и самопочитта затоа што знаеме што ни направија санкциите – рече Вучиќ.

Тој додаде дека Србија продолжува по патот кон ЕУ.

Во обраќањето до нацијата Вучиќ изјави дека имало план Унгарија да ја нападне Србија во 1999 година и дека тоа му го потврдил и Виктор Орбан, бидејќи Унгарија го одбила. „Маргарет Тачер му кажала на Орбан дека е разочарана што тоа не е направено“, пренесе Бета.