Шпаркасе Банка АД Скопје се стекна со сертификат за „Фер финансиски услуги за потрошувачите“, кој го доделува Организација на потрошувачи на Македонија (ОПМ). Овој сертификат претставува потврда за мисијата на Шпаркасе Банка, која во својот работен фокус ги има своите клиенти и нивното задоволство во сите области на делување.
Со стекнувањето на сертификатот „Фер финансиски услуги за потрошувачите“, верификувано е дека Шпаркасе Банка ги исполнува критериумите во шесте одделни области што се битни за потрошувачите, а се однесуваат на: веродостојни, точни и недвосмислени информации и практики; примена на фер пазарни практики; процедури за заштита на личните податоци на потрошувачите и нивната приватност; политики што овозможуваат комуникација и пристап кон банката за различни категории лица; воспоставен систем на одговорно управување со поплаки од потрошувачите; како и едукација на потрошувачите и развој на финансиската писменост.
– Кога веруваш во себе и кога се водиш по тоа мото, јасно и посветено чекориш кон поставените цели, па нивното остварување е неизбежно. Чест и задоволство ми е што Шпаркасе Банка го добива овој сертификат како потврда за грижата кон вработените, кон клиентите и деловните партнери, но и кон заедницата во која делува. Постојано работиме на унапредување на банкарското искуство на клиентите, на нивната доверба и лојалност, и ќе продолжиме да ги поддржуваме во нивниот раст и во остварувањето на нивните соништа. Овој сертификат ни е потврда дека трудот секогаш вложува со плод и дека продолжуваме да се движиме и да растеме заедно – изјави претседателот на Управен одбор на Шпаркасе Банка, г. Санел Кустурица.
Сертификацијата се одвива врз основа на критериуми за верификација на исполнетоста на критериумите во наведените шест области, а е дел од проектот на ЕУ за унапредување на заштитата на потрошувачите и застапување на нивните интереси во финансиските услуги.
Проектот е спроведуван од ОПМ, е финансиран од oперативен грант од Програмата за потрошувачи на Европската Унија (2014 – 2020) преку Европската организација на потрошувачите (BEUC).