Пожарот во близина на Градската комунална депонија во Велес во кој беа опожарени сува трева и грмушки е локализиран вечерва во 19 часот, а пожарникарите од Територијалната противпожарна единица се уште работат на негово целосно гаснење.
Пожарот избувна околу 15:30 часот, а на терен беа пратени две теренски возила за гаснење пожари со седум пожарникари кои поради силниот ветер три ипол часа се обидуваа да го изгаснат.