Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 729 тестови, а регистрирани се 96 нови случаи на ковид-19: Скопје – 55, Битола – 10, Куманово – 8, Тетово – 6, Прилеп – 4, Кавадарци, Велес, Охрид, Штип и Крива Паланка – по 2, Неготино, Радовиш и Богданци – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (96), регистрирани се 19 реинфекции.
Регистрирани сe 37 оздравени пациенти од: Скопје – 20, Куманово и Кавадарци – по 4, Велес – 3, Штип и Неготино – по 2, Битола и Берово – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа, е регистрирано едно починато лице од Прилеп (69г), починато во болнички услови. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, се регистрирани две починати лица од Скопје (81г и 91г), двете лица се починати во домашни услови.
Досега во земјата се направени вкупно 2.168.157 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 342.775, бројот на оздравени пациенти е 332.806, на починати е 9.534 а бројот на активни случаи изнесува 435.