Фото: Фејсбук/Амбасада на САД во Македонија

Ангела Агелер положи заклетва како нова амбасадорка на САД во Македонија на церемонија во Стејт департментот, објави Амбасадата на САД во Скопје.

– Амбасадорката Агелер е дипломат од кариера на Високата служба за надворешни работи, а до неодамна беше заменик-шеф на мисијата на САД во Пакистан каде што служеше како привремена в.д. амбасадорка. Претходно работеше и како советник за односи со јавноста во Амбасадата на САД во Париз, а извршуваше работни задачи и во Скопје, Њу Делхи, Ханој и Вашингтон – се наведува во објавата на американската амбасада.

Во нејзината биографија исто така е запишано дека зборува македонски, француски и делумно хинду јазик.

Ангела Агелер доаѓа на местото на Кејт Мари Брнз, која ја извршува функцијата амбасадорка на САД во Скопје од 2019 година.