Ниту Тинекс-маркетите, ниту компанијата се продадени, а нема ниту договор за купопродажба, реагираат од компанијата по вчерашната вест на дел од медиумите дека ќе ги преземе „Вива Фреш“.
-По објавената вест на порталот Shqipmedia на 20 септември 2022 со наслов дека е постигнат договор за купопродажба на ланецот супермаркети „Тинекс“ од страна на компанијата „Вива Фреш“, вест која ја пренесоа многу македонски портали без да нè прашаат да ја потврдиме или демантираме, се создаде збунувачка атмосфера во јавноста, меѓу вработените и соработниците. Компанијата Тинекс-МТ ДООЕЛ Скопје ја информира јавноста дека ниту Тинекс-маркетите, ниту компанијата е во преговори со потенцијални купувачи, а уште повеќе дека дошло и до договор за купопродажба. Тинекс-МТ ДООЕЛ Скопје којa управува со Тинекс-маркетите и понатаму останува со единствениот сопственик, Владимир Тодоровиќ – стои во демантот на компанијата.