Ниту еден камен нема да остане непревртен, порача поранешниот шеф за криминални истраги во Тајната служба на САД, во врска со истрагата на случајот за испратените бомби во Њујорк и во Вашингтон.
Потенцијално експлозивни пакети беа испратени вчера до поранешниот демократски претседател Барак Обама, поранешната државна секретарка Хилари Клинтон, демократскиот гувернер на државата Њујорк, Ендрју Куомо, како и до телевизиската мрежа Си-Ен-Ен.
Анти-бомбашката единица на полицијата веднаш беше испратена на терен. Истражителите ги испитуваат експлозивните направи, барајќи докази, во обид да го откријат потеклото на направите и на деловите од кои се составени, со цел да стигнат до сторителите.