Во фоајето на ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп вечерва од 19.30 часот ќе биде отворена изложбата на фотографии „Културното наследство на Општина Прилеп преку
објективот на младите“, што ја реализираше Фото кино клуб Прилеп со поддршка на
Министерството за култура. Ќе бидат изложени фотографии од најзначајното културно
наследство на Општина Прилеп кои ги изработија младите членови на клубот.
– Основна цел на проектот„Културното наследство на Општина Прилеп преку објективот на младите“ е да ги продлабочи знаењата и вештините на учесниците од областа на архитектонската фотографија и културното наследство, но и како да ги искористат во насока на визуелно претставување и поголема промоција на општината. Во рамките на проектните активности се организираше и реализираше едукативна работилница, при што младите имаа можност да се запознаат со видовите и значењето на културното наследство на општината. Исто така, беше реализирана и работилница на тема: „Архитектонска фотографија“ на која што младите креативци ги усовршија своите вештини во процесот на креирање на фотографии од областа на архитектурата. Ваквите едукативни настани се од особено значење за подигнување на свест кај младите за значењето и вредностите на нашето културно наследство, за развивање свест за грижа и заштита на културното наследство, како и за почитување на културната разноликост – вели Мери Бошкоска од ФКК „Прилеп“. Ка.М.