Издавачката куќа „Антолог“ го најавува објавувањето на романот „Маѓепсница“ од полската писателка Дорота Тераковска. Книгата е добитничка на наградата на Светскиот совет на книги за млади. Преводот на македонски е на Милица Миркуловска. „Маѓепсница“ е првиот успешен обид да се напише фантастичен роман од рамништето на Толкин и Урсула Ле Гин. Од 1994 година впишано на светската листа „Ханс Кристијан Андерсен“, ова ремек-дело е уживање за сите генерации читатели.
Книгата е објавена со поддршка на програмата Креативна Европа на Европската Унија.
Дорота Тераковска (1938-2004) е полска писателка и новинарка.