Фото: М.М.

Со концерт на групата „Меморија“ синоќа заврши 14. издание на битолското културно лето „Бит Фест 2022“.

На затворањето на фестивалот, свое обраќање имаше градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски.

-Посетеноста со над 40.000 посетители во изминатите 77 дена е потврда за успехот кој го постигнавме, поаѓајќи од желбата да изградиме еден сосема нов концепт на битолското културно лето, токму онаков како што и доликува на Битола. Реализиравме 140 настани од официјалната програма, меѓу кои 9 фестивали, 64 музички концерти на класична, поп, рок, џез музика, како и музика низ која се слушаше народниот мелос, 10 изложби, 25 филмски проекции, 20 театарски претстави, уметнички перформанси и други настани низ кои се промовираше културното наследство и традицијата. Дополнително, осум фестивалски денови со фестивалот „Браќа Манаки“, Битола го славеше филмот и големите кинематографери, а градот беше еден од најважните фестивалски центри во Европа. Имавме гости од над 15 земји од светот, но истовремено ја негувавме и промовиравме и македонската култура и традиција – рече Коњановски.
М.М.