„Газпром“ потврди дека гасоводот Северен тек 1, кој ги поврзува Русија и Германија преку Балтичкото Море, ќе остане затворен на неодредено време, откако било утврдено истекување на масло од една турбина.
Гасот кон Европа требаше повторно да протече денеска по тридневниот застој, но „Газпром“ вчера кажа дека тоа нема да се случи зашто гасоводот е затворен поради одржување.
-Рускиот потег не нè изненадува. Користењето на гасот како оружје нема да ја промени решителноста на Европската Унија. Ќе го забрзаме нашиот пат кон енергетска независност. Наша задача е да ги заштитиме нашите граѓани и да ја поддржиме слободата на Украина – изјави шефот на Европскиот совет, Шарл Мишел.
Русија ги обвини западните санкции за одолжувањето на поправките на гасоводот, додека ЕУ смета дека тоа е само изговор.