Фото: Нова Македонија

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа, направени се 746 тестови, а регистрирани се 169 нови случаи на ковид-19: Скопје – 93, Битола – 12, Куманово – 7, Прилеп, Велес, Охрид и Кочани – по 6, Гостивар, Струмица и Берово – по 4, Кавадарци, Штип, Струга и Неготино – по 3, Делчево и Тетово – по 2, Гевгелија, Крива Паланка, Виница, Богданци и Демир Капија – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (169), регистрирани се 55 реинфекции.

Регистрирани се 242 оздравени пациенти од: Скопје – 101, Битола – 18, Куманово – 17, Прилеп – 15, Велес – 14, Охрид и Кочани – по 9, Гостивар – 8, Струмица – 7, Берово, Кавадарци и Штип – по 6, Струга – 5, Неготино – 4, Тетово, Делчево, Гевгелија, Крива Паланка и Виница – по 2, Богданци, Демир Капија, Кичево, Ресен, Радовиш, Свети Николе и Дебар – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа нема пријавени починати лица. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин регистрирано е едно починато лице од Струга (64г), починато на 28 август во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 2.151.894 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 340.510, бројот на оздравени пациенти е 329.434, на починати е 9.490, а бројот на активни случаи изнесува 1.586.