Јавното осветлување на улиците и булеварите под надлежност на град Скопје нема да биде изгаснато под ниту едни услови, кажа градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, на денешната прес-конференција, нагласувајќи дека одлуката е во насока на безбедноста на граѓаните.
– Ќе се приспособат системите за осветлување на одредени временски интервали, согласно потребата, а се пристапува и кон етапна замена и користење на лед-светилки, кои трошат за 85 проценти помалку електрична енергија од обичните светилки – посочи Арсовска.
Мерките и препораките на Град Скопје ќе бидат објавени по нивното доставување до јавните претпријатија и институции што се очекува во текот на денов.