Во општина Македонски Брод предаден е во употреба каналот за атмосферска и фекална канализација во месноста Песјак. Со изградбата трајно е решен еден долгогодишен проблем.
– Изградбата на овој канал опфаќа повеќе компоненти и тоа изградба на армирано- бетонски канал,монтажа на канализациски цевки и поврзување на канализациските цевки со постоечките шахти, како и изградба и монтажа на нови шахти и приклучување на околните куќи во новата канализација. Вкупната инвестиција изнесува 2,28 милиони денари, а средствата се обезбедени од буџетот на РСМ преку програмата за рамномерен регионален развој на Бирото за регионален развој и Министерството за локална самоуправа, реализиран од Центарот за развој на Југозападен плански регион – информираа од општина Македонски Брод.
Од Центарот за регионален развој на Југозападниот плански регион, во текот на оваа календарска година во општините Пласница и Македонски Брод се спроведуваат активности за подигнување на квалитетот на животната средина преку обезбедување на повеќе контејнери за селектирање на отпад и регулација на каналската мрежа. За оваа намена обезбедени се 20 милиони денари. З.А.