Даница Петличкова останува на чело на Здружението на пензионери од Битола.
Таа на редовните избори е едногласно избрана за старо-нова претседателка на Здружението.
Со тоа практично не успеа акцијата на група од над 150 пензионери од ВМРО-ДПМНЕ, кои пред неколку дена насила упаднаа и ја узурпираа салата за состаноци во Здружението и бараа нови избори.
Поради тоа на 8 август по вторпат се одржа седница на Собранието на пензионери на која сите 49 избрани претставници на Собранието гласаа Даница Петличкова да биде на чело на Здружението и во наредните четири години.
За претседател на Собранието едногласно беше избран Крсте Белевски, а за заменичка Вера Горшевска.
Избран беше и Надзорен одбор од три члена и Комисија за Статут и правни прашања.
М.М.