Управата за јавни приходи информира дека прилагодената верзија на апликацијата МојДДВ, од денес е достапна и на Гугл плејстор (Google playstore). Корисниците на апликацијата, треба прво на направат ажурирање (update) на МојДДВ (на Playstore), а потоа да се најават на апликацијата и во делот „профил“ во прозорчето „тип на баркод скенер“ да одберат „напреден“
Управата за јавни приходи, исто така информира и дека во тек исплатата на дел од ДДВ, изразено во фискалните сметки кон корисниците ги скенирале во второто тримесечје од 2022 година, а секој корисник може да ја провери состојбата на исплата од МојДДВ на својот кориснички профил на www.e-pdd.ujp.gov.mk.