Киев не е одговорен за вчерашните експлозии во руската воздухопловна база на Крим, изјави Михаил Подољак, советник на украинскиот претседател Владимир Зеленски, сугерирајќи дека можеби станува збор за диверзантски акции на партизански единици.
На новинарско прашање дали Украина ја презема одговорноста за експлозиите на Крим, Подољак одговори „се разбира дека не“. Што имаме ние со тоа?“
Едно лице загина, а осум се повредени во инцидент на аеродромот на Крим, соопшти вчера локалното Министерство за здравство.
Руското Министерство за одбрана претходно објави дека муниција експлодирала на аеродромот на Крим, но дека немало никаков напад и дека ниту еден авион не е оштетен.
Украинскиот претседател Влaдимир Зеленски изјави дека конфликтот со Русија нема да заврши додека не се ослободи црноморскиот полуостров Крим, кој Москва го анектираше.
– Крим е украински и никогаш нема да се откажеме од него. Црноморскиот регион не може да биде безбеден се додека Крим е окупиран. Нема да има стабилен и траен мир во многу земји на брегот на Средоземното Море се додека Русија може да го користи нашиот полуостров како своја воена база. Оваа руска војна против Украина и против цела слободна Европа започна со Крим и мора да заврши со Крим – со негово ослободување – рече Зеленски во своето ноќно видеообраќање.
„