Пожарникари од копно и од воздух денеска се обидуваат да го изгаснат шумскиот пожар кој избувна во близина на станбени области во југозападна Турција, соопшти локалната управа за шумарство, потсетувајќи ги Турците на минатогодишните пожари што беснееја низ регионот.
Регионалниот оддел за шумарство на провинцијата Мугла соопшти дека пожарите, предизвикани од силните ветрови и температурите близу 40 степени Целзиусови, ги загрозуваат хотелските и станбените области во поморскиот град Икмелер во близина на Мармарис.
Турската крајбрежна стража го заштити заливот и го прекина поморскиот сообраќај во областа каде што канадери и хеликоптери земаат вода.
Пожарите од минатото лето, од кои повеќето избувнаа во близина на Мармарис, беа меѓу најинтензивните досега во Турција, соопшти тогаш агенцијата за мониторинг на атмосферата на Европската унија, додавајќи дека Медитеранот станал жариште на пожарите.