Грција

Грчката полиција ги предупреди српските туристи да бидат внимателни со возилата, бидејќи криминални банди крадат автомобили што се користат за шверцување мигранти. Последниот случај е на едно семејство од Врање, чиј автомобил беше украден пред два дена во Неа Плагија, недалеку од Халкидики. Четиричленото семејство требало да си оди дома од одмор, но на денот на враќањето утрото забележале дека им е украден автомобилот „опел зафира“.
Возилата исчезнуваат прекуноќ, на паркинзите во трговските центри, додека туристите се на плажите или пред самите станови! Криминалците користат специјални уреди за да го попречат заклучувањето и во тој случај не го кршат автомобилот, туку само го отвораат. Најмногу кражби на автомобили се случуваат на најпопуларните плажи во близината на Солун и Халкидики, каде што престојуваат повеќето српски туристи.
Според информациите достапни од полициските билтени, медиумите направија преглед на локациите каде што најчесто „оперираат“ крадците:
• на паркинзите на големите супермаркети и трговски центри („Икеа“, „Лидл“, „Џамбо“, „Уан салоника“…).
• на отворени паркинзи во Солун, во близината на Белата кула, во близината на плоштадот „Аристотелис
• на паркингот на водниот парк „Вотерленд“ во Солун
• на паркинзи на некои плажи на Халкидики (Оранж, Тиганија, Златна плажа Паљури, Арка плажа Сарти…).