Петтиот Меморијален планинарски марш „Сашо Костадиноски“, кој вчера беше организиран од ПЕД „Ендорфин“, со искачување на најголемиот врв на планината Гољак, Веливрв зедоа учество планинари од Гостивар, Скопје, Охрид и Прилеп и членови на клубот организатор на овој марш.
– Петтиот Меморијален плнанарски марш „Сашо Костадиноски“ успешно го реализиравме со искачување на врвот Веливрв на планината Гољак. Како што беше и планирано планинарите учесници на Меморилајниот марш своето искачување го започнаа во 7 часот изутрина од старото село Брждани а потоа по шумски пат и ливади по 4 часа пешачење стигнаа до најсвисокиот врв на оваа планина, Веливрв, со височина од 1.535 метри.По пристигнувањето на врвот период од околу еден час беше доволен за одмор планинарите и да се направат фотографии од самото место. По три часа пешачење околу 15 часот планинарите се вратија на појдовната точка, каде беше организиран заеднички ручек, планинарско гравче .Должината на патеката во еден правец беше 8 километри и во двата правци планинарите поминаа 16 километри и совладаа висинска разлика од 680 метри -истакна Ели Ванчоска-Секулоска од „Ендорфин“ Кичево и еден од тројцата водичи на овој Меморијален марш. З.А.