Утрово во СВР Битола – ОВР Прилеп било пријавено дека околу 1 часот по полноќ на улица „Киро Нацевски Фетак“ било опожарен автомобил „пежо“, со прилепски
регистарски ознаки, сопственост на Р.Н.(65) од Прилеп. Пожарот, како што велат од СВР Битола бил изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица Прилеп, а нема повредени. Увид извршила увидната екипа на ОВР Прилеп.
Од Обвинителството велат дека ОВР Прилеп не ги известила за опожарувањето на ново возило и оти запознаено било во утринските часови по допрен глас. Опожареното возило е сопственост на лекар од Прилеп, а неговата сопруга е раководно лице во Општина Прилеп.
Инаку, од ноќеска на осомниченото лице Д.Ј. за опожарувањето на возилата на
пратеникот Петар Ристески му е определен притвор во траење од осум дена. Истрагата во врска со овој случај продолжува. Ка.М.