Металург ќе игра со ПАОК од Грција, Ѓорче Петров со КА/Пор од Исланд, Куманово со Макаби Рамат Ган од Израел, а Чаир со Истогу од Косово во второто коло на Европскиот куп, реши ждрепката влечена во Виена, седиштето на Европската ракометна федерација (ЕХФ). Во мечевите (предвидени за 8/9 октомври и за 15/16 октомври), Металург и Чаир прво ќе гостуваат, а Ѓорче Петров и Куманово прво играат дома. Во оваа фаза на натпреварувањето ќе играат вкупно 54 екипи, а на 27-те победници во третото коло (во декември) ќе им се приклучат уште пет екипи.