Соединетите Американски Држави ја поздравуваат одлуката на Собранието да ги преземе следните чекори за пристапниот пат кон ЕУ, пишува државниот секретар на САД, Ентони Блинкен во писмена изјава.
-Ги препознаваме тешките размени направени во овој компромис, што го признава и почитува културниот идентитет на Северна Македонија и македонскиот јазик – се вели во изјавата.
Блинкен додава дека оваа одлука доаѓа во критичен момент за Македонија, Западен Балкан и Европа.
-Европската Унија која го вклучува целиот Западен Балкан, вклучително и Албанија и Северна Македонија, ќе биде посилна и попросперитетна. Сега е време да се изгради моментум и да се работи на следните чекори – додава тој.