Обраќањето на премиерот Димитар Ковачевски во Собранието едвај се слушаше, оти ечеа труби и свирчиња при вториот денешен обид да почне седницата за францускиот предлог.
И покрај вревата, премиерот Ковачевски не се откажа и зборуваше на говорницата, а не се откажа ниту опозицијата.
Пратениците без прекин свиреа и трубеа, попречувајќи го говорот на премиерот.
Од јачината на звукот едвај се слушаше што говори Ковачевски, но тој не го прекина говорот и продолжи да зборува и покрај силните свирежи.
Додека Ковачевски се обидуваше да го заврши говорот, дел од пратениците од власта се држеа за глава и ги покриваа ушите.
Пратениците од опозицијата, пак, држеа транспаренти во рацете и го критикуваа францускиот предлог.