РАКОМЕТ – ЕХФ
Вкупно 59 екипи, две повеќе во споредба со претходната сезона, се пријавени за претстојниот Европски куп на Европската ракометна федерација (ЕХФ) за жени, трето клупско натпреварување на ЕХФ, објави ЕХФ. Од нив, 54 ќе ја почнат својата сезона во почетокот на октомври. Врз основа на листата што ја објави ЕХФ, пет клуба имаат предност да влезат во Европскиот куп во третото коло, во декември. Ждрепката за натпреварите треба да се влече на 19 јули во Виена. Македонски претставници во натпреварувањето се Ѓорче Петров, Куманово, Металург и Чаир, објави ЕХФ. Осминафиналето е во јануари в година, а потоа следуваат четврт-финалето во февруари, полуфиналето во март, а двомечот од финалето е закажан за 29/30 април и 6/7 мај.