Фото: Принт-скрин

Тетовско гостиварската епархија информира дека во октомври ќе се случи прогласувањето на Кирил Пејчиновиќ за светец. Канонизацијата ќе се изврши во Лешочкиот манастир и во тетовскиот соборен храм „Свети Кирил и Методиј“.

– Возљубени браќа и сестри, на 15 и 16 октомври 2022 ќе се изврши канонизацијата на игуменот Кирил Лешочки за светител и вбројување во диптихот на светите. Канонизацијата започнува во сабота 15 октомври со Воскресна вечерна богослужба во Лешочкиот манастир од 17 часот која ќе ја чиноначалствива митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф – информираат од епархијата.

Утредента од 7.30 часот во тетовскиот соборен храм Свети Кирил и Методиј ќе има Восрекна Утрена богослужба, додека во 8.30 дочек на Архиепископот и Архијереите на МПЦ – ОА. Вееднаш потоа ќе започне Светата божествена литругија и прогласувањето на Кирил Пејчиновиќ за светец Кирил Лешочки.

Кирил Пејчиновиќ е роден 1771 година во тетовско Теарце, а живеел до 1845 година, бил голем просветител, народен учител и игумен на Лешочкиот манастир. Го обновил Лешочкиот манастир каде и почива во црковниот двор.