Здружението на пензионери од Битола, од минитерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска побара да се заложи кај Владата хотел „Битола“ да им биде даден на стопанисување со цел за негова заштита и згрижување на стари лица.

Ваквото свое барање пензионерите го темелат на фактот што хотел ,,Битола“, е изграден со средства издвојувани од пензионерите и затоа што, како што рече претседателката на Здружението, Даница Петличкова, Битола се соочува со недостиг на места во старските домови.

-Побаравме Хотел ‘Битола’ кој е на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување да ни го дадат на стопанисување, затоа што во Битола нема доволно сместувачки капацитети за пензионерите. Во сегашните домови има листа на чекање, а Битола по иселеувањето на младите станува град на пензионери.
Инаку хотел „Битола“ во три наврати бил ставен на продажба, но не бил најден купувач, а во меѓувреме објектот пропаѓа и е мета на крадци.

М.М.