На македонскиот државјанин Перпарим Адеми (60), обвинет за двојно убиство во Тирана, му се заканува казна доживотен затвор.
– Обвинителството денеска побара доживотен затвор за Перпарим Адеми, кој утрото на 31 декември 2020 година смртно ги застрела сестрите Кристина Барди и Жанета Метани, во нивниот стан во населбата „Астир“ во Тиран – пренесува „Ора њуз“.
Тој со рафал од автоматска пушка најпрво ја усмртил Жанета, со која бил во љубовна врска, на која таа сакала да и стави крај, а потоа и нејзината сестра Кристина, како што пренесуваат албанските медиуми.
Според полицијата пред неколку години Перпарим го сменил презимето од Тела во Адеми. Убиството го извршил пред очите на децата на една од сестрите, по што се дал во бегство, но по неколку часа беше приведен и го признал делото.
Пресудата треба да биде соопштена на 7 јули.