Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска потврди дека разговарал со најблиските соработници од Српската напредна партија (СНС), но не сакаше да каже дали станало збор за распишување предвремени парламентарни избори.
-Точно е дека имав состанок со луѓето од СНС во кои имам најмногу доверба. Тоа е единствено точно. Редовните избори се 2020 година, но ако биде голем притисокот и ако луѓето сакаат избори, бидејќи народот многу ги сака, не можам сосема да ја исклучам можноста да им излеземе во пресрет на тие кои тоа го сакаат, рече Вучиќ.
Одговарајќи на новинарско прашање под кои услови Србија би можела да го признае Косово, Вучиќ рече дека Белград сака да разговара со Албанците за компромис, но оти треба да се знае дека Србија има свои интереси и Косово не го доживува како независна и суверена држава.