Генералната директорка на КБ Прво Пензиско Друштво, Весна Стојановска, е меѓу најуспешните и најдобри 20 жени-менаџерки годинава во традиционалниот избор во организација на агенцијата „Марили“. Таа се закити со престижната награда на Марили бизнис-форумот одржан во саботата, на кој учество зедоа неколку стотици жени-менаџери од земјава и регионот. Дваесетте најуспешни жени менаџерки беа промовирани со доделување статуетки „Жена водилка“.
Стојановска како претседателка и членка на УО на КБ Прво пензиско друштво од 2016 година е посветена на примената на своето искуство и заложба во одржување на лидерската позиција на Друштвото на пазарот на пензиски фондови како и за имплементирањето на концептот на одговорно инвестирање, познато и како ЕСГ – светски тренд кон кој се стремате пензиските фондови во сите развиени земји.
Таа со гордост ја потенцира и пионерската улога на фондовите со кои управува Друштвото во примената на одговорното инвестирање што опфаќа инвестирање во инвестициски фондови што инвестираат во компании што се грижат за животната средина, општеството и доброто корпоративно управување, но зборува и за тоа од што зависи напредувањето во кариерата и што сѐ влијае жената да се движи во нагорна линија во својот професионален живот. Балансот помеѓу семејните и професионалните обврски, а воедно и безрезерната поддршка од тимот со кој раководи се само поттик до поголеми заеднички успеси кон водење на Иднината, денес.
КБ Прво Пензиско Друштво произлезе од реформите во пензискиот систем во земјава, и еизминативе 17 години успешно се позиционира на пазарот на управување на пензиски фондови и во моментов брои 30-тина вработени.
Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) www.mapas.mk тел. 02 3224 229.