Помал пожар попладнево избувнал на ул. „Стале Попов бб“. По дојава во 15:15 часот, за неговото гаснење интервенирале три противпожарни возила и осум пожарникари.
Како што информираат од Територијалнмата противпожарна единица на Град Скопје, станува збор за опожарено ѓубре, дрва, даски помеѓу новиот објект на Турскиот тетар кој е во изградба и соседната станбена зграда. Зафатени биле 50 метри квадратни.
Предизвиканата штета е минимална и се проценува на околу 9.000 денари, наведуваат од ТППЕ.