Во Министерството за внатрешни работи биле откриени 40 вработени кои имале фалсификувани факултетски дипломи, изјави министерот Оливер Спасовски во неговото гостување во емисијата „Клик-Плус“ на ТВ 21.
Овие лица, според Спасовски, стигнале и до значајна функција во МВР, но, по откривањето добиле отказни решенија и кривични пријави.
Кривични пријави, како што рече министерот за внатрешни работи, биле поднесени и до факултетите кои ги издале тие дипломи.
Во контекст актуелната дебата за уставните измени во Собранието и тврдењата за закани кон пратеници, министерот Спасовски рече дека досега ниеден пратеник нема пријавено какво било кршење на законот. Но, вели дека има пријави од раководни лица во опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, и членови од истата партија.
Во гостувањето на ТВ 21 Спасовски рече и дека се бара амнестија за бившото раководство на опозицијата и како што вели за други луѓе кои им се од интерес.