Висок ирански претставник го предупреди денеска Израел да не го провоцира Иран, само еден ден откако израелскиот премиер упати исто такво предупредување до Техеран.
Али Ширази, помошник на иранскиот врховен духовен лидер Али Хамнеи, изјави дека Иран е способен да ја уништи еврејската држава.
– Ако му дадете повод на Иран, Тел Авив и Хаифа ќе бидат збришани од лицето на земјата – изјави тој за локални медиуми.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера го предупреди Иран „да не ја провоцира одлучноста на Израел“.