Државниот секретар на САД Ентони Блинкен и министерот за надворешни работи на Франција, Жан-Ив Ле Дриен во разговор денеска укажаа дека даваат засилена поддршка за пристапување на Македонија и Албанија во Европската Унија, соопштија од Стејт департментот.
Во разговорот, како што изјави портпаролот на Стејт департментот, Бед Прајс, Блинкен исто така испрати честитки до народот на Франција за успешните избори на 24 април истакнувајќи дека очекува постојана блиска соработка и силни врски со претседателот Емануел Макрон.
– Двајцата дискутираа и за обезбедување поголема безбедносна поддршка за армијата на Украина во нејзиниот отпор кон бруталната и непровоцирана инвазија на руската влада, како и дополнителни мерки за тоа претседателот Путин и неговиот режим да бидат повикани на одговороност – дополни Прајс, јави дописникот на МИА.
Државниот секретар и министерот за надворешни работи, како што кажа Прајс, исто така разговараа и за засилена поддршка за пристапување на Северна Македонија и Албанија во ЕУ.
Франција е претседавач со ЕУ, чиј мандат завршува во јуни.