Сигурно сте слушнале дека детелината со четири листа носи среќа. Меѓутоа, дали сте се запрашале од каде и од кога потекнува ова верување.
Една легенда вели дека приказната допира до Ева. Додека таа и Адам ја напуштале рајската градина, Ева, наводно, скинала една детелина со четири листа како спомен. Оттогаш детелината со четири листа се смета за среќен знак за оној што ќе ја најде.
Келтите сметале дека детелината со четири листа има магична моќ на заштита, способност да ги оттргне злото и несреќата. Исто така, верувале дека носењето детелина му овозможува на носителот да ги види самовилите.
Иако се смета дека детелините со четири листа се многу ретки, наводно една на 10.000, за студијата што ја спровеле швајцарски истражувачи биле прегледани 5,7 милиони детелини и откриено е дека веројатноста за нејзино пронаоѓање е една на 5.076 примероци.
Генетската студија направена на универзитетот „Џорџија“ во САД заклучила дека детелина со четири и повеќе листови е последица на генетска мутација.
Исто така, откриено е дека веројатноста за пронаоѓање детелина со пет листа е една на 24.300 детелини со три листа.