Фото: Принт-скрин

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски говорејќи пред членовите на литванскиот Парламент ја повика Европска Унија да ги зајакне економските санкции кон Русија.

– Русите знаат дека ќе поминат неказнето бидејќи Европа и понатаму преферира продолжување на соработката, трговијата и вообичаеното работење – истакна Зеленски.

Тој апелираше и да се санкционираат сите руски банки и ја повика Европа да се „да се ослободи од (руската) нафта“.

– Европа мора да победи во оваа војна. И ќе победиме заедно – посочи Зеленски.