И покрај притисоците, Бугарија продолжува со хегемонистичко однесување, кое не може да се протолкува никако поинаку освен како демонстрација на моќ на една поголема и помоќна земја над помала соседна земја, прекршувајќи ги сите меѓународни норми со тоа што го негира и оспорува правото на секој народ да се самоидентификува преку својот јазик и историја. Оваа порака на Едвард Џозеф, предавач на универзитетот „Џон Хопкинс“ во Вашингтон, поранешен шеф на Меѓународната кризна група, кој се смета и за еден од креаторите на политиките на САД, е само уште една во низата осуди на адреса на Бугарија и барање поцврста реакција на ЕУ и САД за отстранување на бугарското вето кон Македонија.
Прочитајте повеќе во утрешниот број на „Нова Македонија“