Шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу денеска изјави дека Турција работи на организирање на нова средба на министрите за надворешни работи на Русија и на Украина.
– Во рок од една или две недели може да има средба на повисоко ниво, барем на ниво на министри за надворешни работи – наведе Чавушоглу.
Претходно, шефот на украинската делегација Дејвид Арахамија на Телеграм објави дека онлајн разговорите помеѓу украинската и руската делегација ќе продолжат утре.