Во рамки на манифестацијата „Нов културен бран“ вечерва ќе биде претставен најновиот проект на познатото дуо Силви Бенд – мјузиклот „Ромален“.
Станува збор за новото аудио издание „Ромален“, седмо по ред, кое преовладува со рустичност, древност и оригиналност. Тоа е прво вакво издание на сите времиња во Македонија.
Концертот ќе биде вистинско доживување за сите љубители на убавата музика. Овој перформанс го изведуваат околу 15 луѓе на сцената, облечени во прекрасни народни и традиционални носии. Станува збор за исклучително квалитетен носач на звук, исполнет со прекрасна музика и тоа најубавите ромски романси од целиот свет, богати кореографии, прекрасен оркестар…
Мјузиклот ќе се одржи вечерва од 20 часот во Сули Ан во Старата скопска чаршија.