Во меѓувреме либералниот свет ги конзервира европските вредности. Што е оксиморон. Во иста конзерва ги конзервира нацизмот, комунизмот и фашизмот. Конзервата треба да се грее на тивок оган, потоа добро да се протресе и подготвена е за сркање. И прогресивните луѓенца од океанот убавина во западниот свет сркаат
Мамо, мамо, може да одам да играм фудбал со децата?
Не, Алфредо, дојдени се некои македонски деца, ќе те победат, па цел ден ќе плачеш.
Македонија е чудо. Ние сме чудо. Одвреме-навреме знаеме да го превртиме светот наопаку. Такви сме, мали по територија и бројност, ама крајно блесави. Еднаш ќе го покориме светот, другпат ќе дадеме почва за да никне учењето за љубовта среде варварскиот континент, третпат ќе почнеме ренесанса во сликарството, па ќе описмениме третина планета и можеби затоа вообразени империјалисти и колонизатори не можат да нè поднесат, па нè третираат како јаболко на раздорот, паричка за поткусурување, по што веднаш сакаат да нè збришат. Добро, сега, знаеме и да го збуниме здраворазумскиот свет кога мртви ладни, ем наеднаш троа оглупени, ќе одлучиме да се откажеме од сето она гореспоменато за да се напикаме во скутот на една лицемерна блудница со крвави раце во свилени ракавици, но и кај нејзиниот воинствен макро, но секогаш се појавува некој да нè отрезни од полтронската опијанетост и да нè потсети дека сепак имаме големо срце и крајно е глупо да се срамиме поради тоа.
Падна Италија, падна Палермо, ама како да паднал Рим сосе Ромул, Рем и Манчини во него. Браво Македонија, браво момци, браво тренеру! Македонија е во транс, светот ви се поклони.
Добро, не баш сите ви се поклонуваат како што заслужувате. Некој лик без коса, за кого велат дека го видел Харвард на телевизија, избран на политичка функција без гласови од народ, познат по тоа што е непознат, фатил да честита за сензационалната победа на Македонија, ама пустата сервилност кон изопачената светска моќ не му дозволува да ѝ го спомене светото име. Кој тоа? Ма, ич нејќам име да му спомнам.
Ама очекувам веќе утре да ни каже како големата победа на Македонија е успех што мора да го споделиме со Бугарија, затоа што Европската Унија има волја да нè пушти во својата постела, оти, нели, не секса паметниот, туку упорниот што пробува со глава низ ѕид додека не се самообезглави. Ама секс е секс. Затоа, кај и да е, чекам колумна од Денко Малески во која ќе ни обелодени дека Македонија нема фудбалска историја, а како репрезентација е создадена од геостратегијата на ФИФА. Така е тоа во вештачката зомби-творевина без корен и историја, наречена Нордистан, окупаторот на вековната и древна света земја Македонија, во која фрустрираните и хистерични ситни нордистански души сакаат да го збришат сето она што самите го немаат. Приказни, легенди, митологија, историја, чест, достоинство, корен, љубов, почит, морал, ништо од ова немаат, освен моќ, злоба, завист, алчност и полтронска сервилност спрема изопачените вредности на глобалистичката духовна шизофренија, па затоа сакаат на сите да им го одземат тоа што кај себе никогаш нема да го пронајдат.
Добро бе, Русјаков, што мешаш спорт и политика?
Политиката е таа што дрско и насилно сака да се напика во секоја пора на битисувањето, па се меша во традиција, семејство, историја, спорт, интима. Неостварени и неквалитетни ликови, ама полни суета и злорадост, на кои светот никогаш нема да им се поклони како на македонските фудбалери, крекачи на далечинско сместени во плиткоста на нордистанската баруштина, марионети на западниот глобален варваризам, фатиле да пиштат и ништат сè што е македонско, затоа што имаат поддршка од хистеричната прогресивна буржоазија, која и самата е симбол на просечноста.
Така е тоа со нас. Во еден момент ќе го превртиме светот, а веќе следниот миг ќе се поништиме сами себе. Но светот и без нас знае сам да се испреврти. Маж, потпросечен пливач, стана жена и ги победи девојките во пливање. Идиотизам од прогресивни размери. Не ми е мене проблем промената на полот, прајте што сакате, ама оние кутри девојки што цел живот го посветиле на пливањето не заслужуваат едно просечно екскурле, поддржано од глобалистичкото лудило, да ги злоупотребува природните закони само затоа што светот одлучил да биде глуп. А да, во светот има и војна, ама па тоа не е некоја вест. Војни има постојано, насекаде, по неколку истовремено. Само зависи која војна, политичките и медиумски злосторници, ќе ја изберат за со неа да лажат и манипулираат.
Слушај, брат, ова е како 48, или си за Тито или си за Сталин, само што сега Путин е Сталин.
Ако Путин е Сталин, тогаш Бајден е Тито, а Зеленски, Јованка Броз
Готово, војната во Украина утре ќе заврши. И тоа со жесток пораз на Русија. Како го знаеме тоа? Е па, Илон Маск, Васко Евтов и Арнолд Шварценегер тргнаа против Путин. Илон ќе ги активира своите хиперсонични, сајберпрозаични и космичкосатирични дронови. Тие ќе му влетаат во спална на Вова и, потоа, ждрагабаду. Паралелно, медиумските дронови ни го открија она што не го знаат ни Путин ни Зеленски. Тактиката на украинската одбрана. Ќе чекаат Русите да ги истрошат сите ракети, нови секако нема да има, зашто Кинезите нема да им даваат веќе чипови и тоа е тоа, ждрабадабуу. А потоа… потоа на бел коњ во Москва ќе дојава Шварци. Патем ќе го собере Зеленски, кој деновиве дреме пред зелени хроми со различни кадри од Киев. Така светот ќе се спаси од Путин и Русија.
Во меѓувреме либералниот свет ги конзервира европските вредности. Што е оксиморон. Во иста конзерва ги конзервира нацизмот, комунизмот и фашизмот. Конзервата треба да се грее на тивок оган, потоа добро да се протресе и подготвена е за сркање. И прогресивните луѓенца од океанот убавина во западниот свет, сркаат.
Таа нацифашокомуњарска папазјанија ни донесе прекрасни слики. Како оние со малтретирани Роми низ Украина. Од страна на нацисти. Видовме и развиорени нацистички знамиња. И медиумски идиоти што го поставуваат она глупо прашање, е од каде нацисти во Украина, кога Зеленски е Евреин. Како и да е, нацизмот, фашизмот и комунизмот ѝ приличат на Европа. Хистеричната прогресивност секогаш им врескала на неистомислениците дека се фашисти. И сега се фатени во ќор-сокак, оти ем ако не си им по ќеф веднаш те прават фашист, ем ваму мора да навиваат за баталјонот Азов и Десен сектор. Иако поради нивната плиткост полна омраза не можат да го увидат ќор-сокакот во кој врескаат.